
Делови од Северна Америка се погодени од бран жештини, а во Канада беше регистрирана рекордна температура од 46,6 Целзиусови степени. Највисоката температура е регистрирана во неделата во Литон, Британска Колумбија.
Локалните власти во провинцијата соопштија дека е откажана наставата во училиштата кои немаат соодветен систем за разладување, а исто така се преместуваат и некои од пунктовите за масовна вакцинација против Covid-19.
Експертите предупредуваат дека екстремните горештини во некои области од Канада со голема влажност може да предизвикаат чувство на повеќе од 50 Целзиусови степени. Службите за справувања со поплави, исто така, се насочени на следењето на топењето на снежните покривки на планинските врвови.
Исклучително високите температури се должат на полето со висок воздушен притисок над северозападот на САД и пацифичките делови на Канада.
Климатските промени може да се зголемат застапеноста на екстремни временски прилики како што се жештини, а ваквите климатски промени може да бидат придружени со зголемување на бројот на жртви од поплави, бури и горештини.
Се предупредува и за неколкудневните жештини низ северозападниот дел на САД и делови од западна Невада и Калифорнија