
Измените на Законот за животна средина со кои е зголемува еколошката такса за горивата на 3,5 денари е доставен до Собранието, објави „Плусинфо“.
Измените се означени со европско знаменце и Владата побара да се донесат по скратена постапка.
Предложено е зголемување на еколошката такса за увоз на нафтените деривати за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстралесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.
ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса-Алтернатива и Левица најавија блокирање на овие измени на законот.