
Неколку десетици луѓе починале изминатите два дена во канадскиот град Барнаби, како што претпоставуваат локалните власти како директна или индиректна последица на екстремно високите температури, објави во вторникот телевизијата CBC, повикуивајќи се на канадската полиција.
Според извештајот, полицијата примила повеќе од 30 пријави за ненадејни смртни случаи откако метеоролошката служба изминатите денови започна да бележи рекордни температури сао во канадската покраина Британска Колубија. Временската непогода се очекува да продолжи и следните неколку денови.
„Се верува дека повеќето смртни случаи биле предизвикани од горештините. Најголемиот дел од починатите биле стари и лица со хронични здравствени проблеми“, го цитира телевизијата полицискиот портпарол Мајк Калањ.
До вторникот попладнето, како што соопштила полицијата на областа на Ванкувер, добила повици за повеќе од 65 ненадејни смртни случаи од почетокот на растот на температурите во петокот. Дваесет од тие смртни случаи биле пријавени до 14 часто по локално време во вторникот, во споредба со три до четири ненадејни смртни сличуа вообичаено на териториајта на градот.
Како што се забележува во прилогот на CBC, во неделата и понеделникот во Канада биле регистрирани историски највисоките температури откако се водат таквите бележања. Така, на 28-ми јуни во градот Литон, на 150 километри од Ванкувњер, температурата на воздујот ја достигната својата историски максимална вредност од 47,9 Целзиусови степени.
„Ванкувер никогаш претходно нема доживеано ваков топлотен бран и, за жал, десетици луѓе умираат порадит тоа“, изјавил портпарлот на ванкуверската полиција Стив Адисон.
На сила во Канада и натаму остануваат предупредувањата за екстремни горештини во поголемиот дел од западна Канада. Притоа се посочува дека топлотниот бран се движи источно кон покраината Алберта и на северозападот од земјата