
Во вторникот околу пладне во централното подрачје на Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле 63-гподишниот П.И.М од Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија.
П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.
Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.