
Во интервју за МИА професорот на Универзитетот во Грац Австрија Флориан Бибер го оценува бугарското вето како неоправдано и злоупотреба на моќта на членка на ЕУ.
Бибер кој е и добар познавач на приликите во регионот на Западен Балкан вели дека дури и повеќе безобразно од грчкото вето. Овој став го поткрепува со тоа дека Бугарија става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство.
Можност за решавањен аспорот со Бугарија, според Бибер има шански но по изборите на 11 јули во соседна Бугарија, и до октомврскиот самит со Западен Балкан, но сепак се ќе зависи од бугарските избори, нагласува Бибер меѓудруто во интервјуто за МИА.