Сѐ повеќе деца заразени со коронавирусот и зголемена смртност на новороденчиња од Covid-19 во Индонезија

Бројот на заболените деца со Covid-19 во Индонезија за речиси трипати се зголемил од мај, а смртноста на новороденчињата од оваа коронавирусна болест остро се зголемила во земјата која се соочува со најжестокиот бран на епидемијата досега, изјави во средата водечкиот индонезиски педијатар.

Индонезија во јуни забележа остар пораст на заразените со коронавирусот, вклучително и нови рекорди во шестдневен период од 21-ви јуни. Во средата бројот на новозаразените изнесувал повеќе од 21.807 лица, што е дневен максимум од почетокот на пандемијата. Се очекува дека поради тоа владата ќе ги заостри строгите мерки за ограничување.

Претседателот на Индонезиското педијатарско здружение Аман Пулунган изјави дека седмичниот број на смртни случаи од Covid-19 кај децата мината седмица се зголемил на 24 од 13, колку што изнесувал седум дена претходно, а многу од жртвите се помлади од петгодишна возраст.

Станува збор за поголема стапка на раст на вкупниот раст на бројот на починатите од коронавирусот во истиот период, кога во Индонезија од 1.783 смртни случаи овој показател се зголемил на 2.476 смртни исходи. Аман предупреди и дека заразата забрзано се шири меѓу малолетниците.

„Инфекцијата се шири. Кон средината на мај имаше околу 2.000 до 2.500 случаи седмично. Минатата седмица забележавме повеќе од 6.000 новозаразени“, рече Аман.

Според официјалните податоци, процентот на вкупниот број на заболените од Covid-19 помлади од 18 години во јуни се зголемил на 12,6 отсто во споредба со јули минатата 2020 година кога изнесувал 5 отсто. Аман, меѓутоа, забележа дека децата сега и почесто и повеќе се тестираат.

Индонезискиот претседател Џоко Витоди претходно оваа седмица објави дека властите го одобриле вакцинирањето на децата од 12 до 17 година со кинеската вакцина против коронавирусот „Sinovac“

Аман истакна дека педијатрите веќе забележуваат случаи на „другиот Covid-19“, проследен со исцрпувачки и долготрајни симптои кои траат со месеци.

Зголемувањето на бројот на новозаразените деца, Аман го припишива на поглемиот замор од пандемијата и недостигот од знаења отколку на влијанието на позаразните варијанти на вирусот.

„Не станува збор за делта сојот, туку за системот. Помалку тестираа, помалку следења. Луѓето сѐ уште сметаат дека децата не може да патат и да умрат од Covid-19. Нивото на свеста е ниско“, предупреди Аман.