
Синдикатот на полицијата во Македонија со порака до министерот Оливер Спасовски: Битката ќе ја добиеме без разлика што и да мислиш дека правиш.
Ајде објави го Колективниот па да „уживаме“ во правата што НИ ГИ ДАДЕ.
А и да не се секираш, еве ти ВЕТУВАМЕ дека ќе те пофалиме. За радарите си направи „филм“ денес, се отепа од фалење дека од утре ќе казнуваш граѓани. Ги „ОТЕПА“ од казни последниве шест месеци – велат од Синдикатот.
Оттаму го прашуваат Спасовски кога ќе им набави униформи, како што велат, веќе шеста година ги лаже дека ќе набави.