
Во иднина, Украина може да ја повтори судбината на Југославија и да се подели на четири дела, изјави украинскиот политичар Евгеније Мураев за телевизијата „Наш“.
Според него, западните земји, како Полска, Унгарија и Романија, имаат свои цели, инвестираат пари во пограничните области и активно им ги даваат своите пасоши на Украинците.
– Ние не сме економски независни, не можеме да се издржуваме, немаме ветувачка иднина, живееме на кредит – рече Мураев.
Тој го критикуваше претседателот Владимир Зеленски за неговите зборови дека, наводно, СССР бил „агресор“, посочувајќи дека, според таа логика, треба да се вратат пет области, што Европа и ги „даде“ на Украина.
Претходно, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили зборуваше за можно распаѓање на Украина. Според него, државата е пред пропаст поради зголемувањето на централизацијата.