
Од 7 јули странските туристи во посета на Франција ќе треба да платат за тест за ковид-19, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.
– Одлучивме дека странските туристи треба да плаќаат за тестовите – 49 евра за PCR тестот и 29 евра за антиген тест. Ова е реципроцитет затоа што Французите кои патуваат во странство треба да плаќаат за овие тестови во повеќе земји – изјави Атал.
Претходно, водечкиот научен советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфреси, изјави дека Франција веројатно ќе има четврти бран на ковид-19 поради појавата на Делта сојот на вирусот.