
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за своите планови за организација на Светското првенство, како и Светското клупско првенство.
– Ние сакаме поздрав фудбал, со помалку дискриминација и поголема конкуренција. За да го постигнеме ова, мора да го разгледаме целиот календар. До 2024 натпреварувачкиот календар е дефиниран. После тоа, ќе составиме сè одново. Мојот сон, нашата идеја, филозофија е да имаме 50 репрезентации кои ќе се борат за трофејот на Светското првенство, како и 50 клубови од целиот свет, кои ќе конкурираат за насловот светски клупски шампион – изјави Инфантино.
Останува да се види реакцијата на клубовите, посебно оние поголемите, кои често се жалат на згуснатиот натпреварувачки календар и премореност на фудбалерите.