
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина од четвртокот ја продолжи важноста на постојните епидемиолошки мерки за запирање на ширењето на коронавирусот за уште 14 дена.
Според изјавата, одлуката е донесена врз основа на информациите на Кризниот штаб на Сојузното ,инистерство за здравство за епидемиолошката состојба.
Следните 14 дена се сметани од денеска, а Кризниот штаб е задолжен да ја разгледа комплетната епидемиолошка состојба пред истекот на овој рок и да направи проценка на ризик, врз основа на која би се измениле препораките.
Во информацијата се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца е 4,8 случаи на 100 000 жители, а во последните седум дена највисока инциденца има во Сараево, Херцеговина-Неретва и кантонот Тузла.