
Шилегов за една година ги зголеми цените на паркингот за 100%. Паркингот на Водно е зголемен за 100%, од 100 денари за 1 час паркинг во 2019 година од 2020 година се плаќа 200 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека за 100% се зголемени и цените на месечните карти за паркирање од 1.000 денари во 2019 година, на 2.000 денари.
-Шилегов брутално ги ограбува скопјани. Поскап паркинг плаќаат сите жители на Скопје насекаде. Имено цената за час паркирање во „Зона А“ од 2019 е зголемена од 45 на 50 денари во 2020 година. Паркирањето во „Зона Б“ е зголемено од 35 денари на 40 денари, додека во „Зона Ц и Д“ е зголемена цената од 25 денари на 30 денари. И додека скопјани плаќаат Шилегов и градоначалниците од СДСМ парите ги трошат на тендери. Време е СДСМ и нивните градоначалници да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.