
Криминалистичката полиција, Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје во зграда на улицата Цветан Димов пронашле „калашников“, две рамки и 22 куршуми, информира МВР.
– При извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полицијата пронашла и запленила автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми. Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.