
Италијанската полиција заплени неколку канали и сметки од апликацијата за разговор Телеграм, преку кои криминалците нуделе дигитални сертификати за вакцинација за патувања во рамките на Европската унија.
Вкупно биле вклучени 10 канали и сметки што ги воделе корисниците до анонимни сметки на пазарите на темната мрежа, дел од Интернет кој не е достапен со редовно прелистување, објави денеска финансиската полиција на Гвардија ди Финанза во Рим.
Продавачите во онлајн продажба наводно нуделе дигитални сертификати во замена за плаќање во крипто-валути.
Сертификатите се доказ за целосна вакцинација против Ковид-19 и се важни за патувања во рамките на ЕУ.
Тие беа рекламирани како „зелени пасоши“. Според финансиската полиција, цената се движела помеѓу 110 и 130 евра.
Илјадници корисници се регистрираа на каналите на Телеграм, каде беа понудени и шишиња со наводни дози на вакцина против коронавирус, додаде полицијата.