ФОТО| Најмалку 31 жртва во авионска несреќа на Филипини

Бројот на загинатите во падот на воен авион на југозападот на Филипони во недеката се искачил на 31, пренесува информативниот портал Rappler повикувајќи се на филипинските вооружени сили.

Според податотица на филипинската војска, во падот на авионот загинел 29 воени лица и двајца цивили на земјата. Уште 50 лица кои се превезувале со авионот и четири цивил се повредени во несреќата.

Засега уште 17 војници се водат како исчезнати. Војниците, кои се превезувале со авионот, според првичните информации, биле главно регрути.

Филипинските власти започнаа истрага за утврдување на причините на падот на транспортниот авион од тип „C-130“ на филипинските воздухопловни сили се урнал при обидот да слета на островот Холо во провинцијата Сулу.

Генералот Сирилито Собехана, началникот на Генералштабот на филипинската армија, изјавил дека авиониот не удрил на пистата, Министерот за одбрана, Делфин Лорензана, претходно изјави дека според прелиминарните податоци со авионот се превезувал вкупно 92 лица, вклучително тројца пилоти и уште пет друго членови на екипажот.