Премиерот на Луксембург во болница поради Covid-19

Луксембуршкиот премиер Ксавие Бетел во неделата е примен во болница на 24-часовно набљудување „поради претпазливост“, една седмица откако беше позитивен на тест на коронавирусот, а над него ќе бидат извршени и некои дополнителни наоди, објави владата во соопштение.

Четириесет иосумгодишниот Ксавие Бетел на 27-ми јуни го започна десетдневниот период на изолација, помалку од 48 часа откако учествуваше на самитот на Европската унија во Брисел, каде што тесно се дружеше со другите челници.

Тогаш беше пријавено дека Бетел има сао полесни симптоми, како што е зголемена телесна температирра и главоболки.

Ниеден од учесниците на самитот на ЕУ не беше сметан за негов „близок контакт“, бидејќи на состанокот на врвот биле почитувани сите епидемиолошки мерки, објави тогаш луксембуршката влада.

Бетел ја добил првата доза од вакцината против коронавирусот на „AstraZeneca“ на 6-ти мај.

Луксембург, земјата со 630.000 жители сместена меѓу Германија, Белгија и Франција, веќе десет дена се соочува со зголемениот број на заразените. Во саботата, за кога постојат последните податоци, имало 136 новозаразени, што е бројка којашто последен пат бил забележан кон половината на мај годинава.