
Екатерина Пузикова, богата вдовица на рускиот банкар Дмитри Пузиков е пронајдена е мртва во нејзиниот стан во градот Самара, и додека нејзиниот адвокат тврди деке е избодена до смрт, истрагата открила дека починал по удар во главата со тап предмет.
Телото на некогашната убавица во станот го открил нејзиниот татко, а руските медиуми пренесуваат дека засега не е јасно како Пузикова починала. Додека нејзиниот адвокат вели дека е повеќепати избодена, иследниците констратирале смрт по удар во главата.
Адвокатот Андреј Соколов е упорен дека станува збор за убодни рани.
„Нејзиното тело со рани од нож го пронашол нејзиниот татко. Се трага по момче по име Алексеј Рјасков, кој ѝ помогна во истрагата за кривичниот случај во убиството на нејзиниот соприг. Имаа конфликт“, изјавил адвокатот Соколов.
Во меѓувреме, полицијата на Самараската област објави дека во неделата вечерта осомничениот Рјасков бил уапсен.
Според медиумите ноќта кога се случила трагедијата Алексеј Рјасков објавил водео на својот профил на Instagram. Во него признл дека во 2017 година, заедно со роднини на Екатерина, предал 15 милиони рубљи на службеници на регионалниот суд, за наводно Екатерина, која во тоа време била обвинета за убиство на сопругот да биде ослободена.
Како што пренесува Телеграм каналот 112, жената одлетала во Самара кога видео-снимката била објавена на социјалните мрежи. Поради него, Пузикова и Рјасков имале конфликт, пренесуваат локалните медиуми.
Банкарот Дмитриј Пузиков умрел на 20-ти март 2012 година, откако две седмици минал во болница по една семејна прослава. Заедно со него биле хоспитализирани тогаш уште две млади лица, а едното од нив бил делумно парализиран. Форензичката истрага во телото на банкарот го открила ретката отовна супстанца талиум.
Истрата сугерираше дека Пузикова го отрула сопругот, мешајќи му го отровот во ханата. Како причина беше наведено „чувството на љубвомора која настанало од одмазда поради сторена прељуба“. Меѓутоа, нејзиниот адвокат смета дека Дмитриј можело да биде убиен од негов роднина.
Екатеритна пет ипол години беше под кривичен прогон. Двапати првостепениот суд ја прогласуваше виновна.
Во јули 2017 година Екатерина Пузикова е осудена на девет години затвор и прогласена за виновна за труење на сопругот. Но веќе во октомври истата година пресудата е укината и вдовицата пуштена на слобода.
Пузикова подоцна доби статус на жртва. Министерството за финансии одлучило да ѝ плати 1,75 милиони рубљи како компензација за морална штета во текот на кривичниот прогн. Самата таа барала отштера од 10 милиони рубљи.