Почина маж од Скопје кому му беше пресадено срце

Скопјанецот (51) на кого му беше пресадено срце пред скоро еден месец починал пред неколку дена на Клиниката за кардиохирургија поради бактериска инфекција.

Информацијата утринава ја потврди и министерот Венко Филипче.

Според Клиниката за кардиохирургија пациентот бил во тешка состојба, со пулмонална хипертензија и белодробна инфекција.

Тројцата други пациенти со трансплантирано срце се во добра состојба, Од нив, двајца се дома, а третиот се оправува и нема индикации за отфрлање на срцето.