Зелен центар Охрид спроведе еколошка акција

Во рамки на проектот Младинско ЕКО  лето поддржан од CIVICA MOBILITAS, Регионалниот зелен центар од Охрид на ден 04.07.2021 година организираше еколошка акција во дворното место на ОУ “Св. Климент Охридски“, населба Далјан и плажата што се наоѓа во непосредна близина.

На акцијата се приклучија соработниците од Културолошка иницијатива 5 до 12, граѓани од месната заедница како и случајни посетители на плажата. Акцијата започна во 9:00 часот и за времетраење од 3 часа се собраа околу 50 вреќи со отпад, стари телевизори, мебел, душеци и сл. Во попладневните часови во координација со Здружението на граѓани ЕКО ФАП од Охрид отпадот беше подигнат и депониран на соодветно место.

Еколошките акции ќе продолжат во текот на месец јули, а се надеваме дека тоа ќе придонесе за подигнување на еколошката свест кај локалното население, посебно младите, а секако и туристите дека градот Охрид мора да го чуваме чист.