
Естонскиот конзул во Санкт Петербург е приведен во вторникот откако примил доверливи документи, објави руската агенција за внатрежна безбедност Федералната служба за безбедност (ФСБ).
„Припадниците на ФСБ го фатија на дело естонскиот дипломат и конзул во Санкт Петербург, Март Лејт, додека примаше класифицирани документи од руски државјанин“, соопшто службата за односи со јавноста на безбедносната агенција.
„Тоа не е во согласност со дипломатскиот статус и огледно е непријателско дејствување кон Русија. Против странскиот дипломат ќе бидат преземени мерки во согласност со меѓународното право“, порачуваат од ФСБ.
Станува збор за уште еден во низата шпионски афери меѓу Русија и Западните земји и нејзините сојузници во руското соседство.
Во април, украинскиот конзул Александр Сосоњук беше приведен во Санкт Петербург, кога припадниците на ФСБ го спречиле да дојде до доверливи информации преку руски државјанин. Потоа беше замолен да на напушти територијата на Русија, а Киев одговори на идентичен начин протерувајќи руски дипломат.