МВР го апси, а пресудата за командант Тануша укината пред шест месеци

Ајвази Ајдиљраман (37) алијас командант Тануша од Скопје обвинет за убиство, што вчера беше уапсен  за издржување на затворска казна од 20 години, всушност бил слободен човек.

Врховниот суд на 20 јануари 2021 година, по барање на Ајдиљраман за преиспитување на правосилната пресуда, одлучил позитивно. Така што пресудата за неговиот случај се укинува, а предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување.

Од друга страна, полицијата соопшти дека командант Тануша се барал со меѓународна потерница за извршено кривично дело по член 123.

Плицијата за денеска најави детали околу апсењето на Ајдиљраман.