Сончево и многу топло, попладне пороен дожд и засилен ветер

Времето во Македонија во петокот ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне со умерена облачност., а кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температурасе движи од 12 до 22, а максималната дневна ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.

Утринската температура се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 38 Целзиусови степени.

Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.