
Заедничка должноста на целиот цивилизиран свет е сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница и да не се дозволат прекројуваа на историјата со коишто се настојува ова злосторство да се намали, порачаа во саботата во заедничката изјава двајцата високи функционери на Европската унија.
Во пресрет на одбележувањето на 26-годишнината од сребреничкиот масакар во кој припадници на војската и полицијата на босанските Срби во 1995 година убиле според официјално прифатените податоци осум илјади Бошњаци, високиот претставник на Европската унија за надворешна политка Жозеп Борел и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархељи, во заедничката изјаваа го наведуваат дека е должноста трајното сеќавање на оваа трагедија.
„Во неделата ќе биде погребани уште 19 жртви. Го почитуваме сеќавањето на нив и на сите жртви и на оние кои сѐ уште се водат како исчезнати. Ја споделуваме тагата со нивните семејства и со оние кои преживеале и чиишто животи се засекогаш изменети“, наведуваат европските функционери.
Истакнуваат и дека Европа „не ја заборавила својата одговорност поради неможноста да го спречи геноцидот во Сребреница, кој претставуа еден од наголемите злосторства во модерната европска историја“.
„Сребреница сите болно нѐ потсетува на потребата цврсто и решително да се залагаме за мир, човековото достоинство и сите вреднисти кои сочинуваат основа на нашата Унија. Служењето на правдата и изградбата на подобро друштво е најдобриот начин за сеќавање на оние кои системски и со намера се убивани. Тоа е неопходниот чекор во работата на подобрата заедничка иднина на сите Европејци“, стои во изјавата на Борел и Вархељи во која истакнуваат дека не може да има неказнивост за ваквите злосторства.
Нагласуваат дека дефиницијата за злосторството во Сребреница како геноцид е „јасно потврдена“ и дека меѓународните судово, како и судовите во Босна и Херцеговина во соседните земји треба и натаму да пружаат правда за сите жртви на воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцидот, како и за членовите на нивните семејства, бидејќи мирот може да се гради само на правда.
Политичите лидери на западен Балан ги повикуваат со сопствениот пример и признавање на она што се случио, одавање почест на жртвите и вистинското промовирање на помирувањето, да се соочат со корените на омразата кои довеле до геноцидот.
„Во Европа нема место за негирање на геноцидот, ревизионизмот и величењето на воените злосторства. Тоа е спротивно на темелните европски вредности а обидите за прекројување на вистината се неприфатливи“, сто во делот од пораката со кој се алудира на изјавите на челниците на босанските Срби и на политичари од Србија кои инсистираат на тоа дека во Сребреница на е извршен геноцид.