
Во тешка сообраќајна несреча којашто во раните попладневни часови во саботата се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на Свети Еразмо, учествувале три патнички и едно товарно моторно возило, а интервенирала и противпожарната единица од Охрид.
Како што претходно за медиумите изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, во карамболот едно лице го загуби животот, а три се повредени од кои две имаат телесни повреди и се префрлени во болницата „Свети Еразмо“.