
Осум милијарди евра инвестиции кои се тркалаат низ институциите стана новото „Гугл и Фејсбук чекаат на граница“, но единствено што се тркала е владата на Зоран Заев, во Македонија каде странските инветиции се и до 40 пати помалку отколку во Србија, велат во саботата од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во првиот квартал од 2021 година во Македонија влегле само 25,6 милиони евра странски инвестиции, и тоа се пред се инвестиции на веќе постоечки капацитети во Македонија, кои го прошируваат своето производство, а се донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
И додека ние имаме само 25.6 милиони евра странски инвестиции во Србија за истиот период влегле речиси милијарда евра инвестиции.
Дека реалноста е розова е само во главата на Заев, никој повеќе не верува на тие манипулации.
Четири години слушаме дека само што не тргнало, Гугл и Фејсбук чекаат на граница и слични приказни. Истите приказни во друг формат веќе не поминуваат време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.