
Во петокот вечерта околу 21,30 часот било пријавено дека во Крива Паланка на улицата „8-ми Октомври“ мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 34-годишниот Н.И. од кривопаланечкото село Станци удрил во ѕид, а потоа паднал на коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 49-годишниот И.Д. од Крива Паланка, констатирани во ЈЗУ „Здравствен дом Крива Паланка“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.