
Последниот натпревар на Грен слемот во Лондон во сингл за мажи во неговата 144 годишната историја, ќе го суди жена првпат во историјата.
Финалниот меч на Вимблдон 2021 е доделен на судијката Марија Чичак од Хрватска. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини ќе се сретнат во мечот за престижниот трофеј. Натпреварот е закажан за в недела со почеток во 15 часот.
Четириесет итригодишната Чичак досега двапат судеше финални дуели на Вимблдон, во 2014-та која Серена Вилијамс ја совлада Гарбине Мугуруза и во финалето на женските двојки во 2017-та во кое Русинките Екатерина Макарова и Елена Веснина ги совладаа Тајванката Чан Хао-Чинг и Романката Моника Никулеску.
Покрај тоа, Чичак има судено и во полуфиналето од турнирот за тенисерите во 2018 година во кое Кевин Анферсон го надигра Сем Квери во втоиот најдолг меч во исторјата,