
Во петокот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запреле патничко моторно возило „опел зафира”, управувано од 38-годишниот М.Ш. од скопското село Љубин.
При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар.
Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во Љубин и притоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштола и големо количество муниција.
М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.