Еден мигран загинал а уште пет се повредени во налетот на воз кај Криволак

Ноќта кон неделата околу 00,40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија – Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци.

Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка.