Сензационален пораз на кошаркарскиот „Дрим тим“

Американската кошаркарска репрезентација е поразена во подготвителниот натпревар против селекцијата на Нигерија со 87:90 одигран во Лас Вегас во пресрет на турникор на Олимписките игри во токио, а за ткн „Дрим тимови“ ова беше првиот пораз во историјата од некој африкански тим.

Натпреварот во Лас Вегас беше првиот од петте подготвителни натпревари за селекцијата составена од повеќето од водечките кошаркари на најсилната кошаркарска лига на светот американската НБА.

Американците сакаат во Токио да ја одбранат олимписката титула, а на обложувалниците котираат како неприкосновени фаворити за повторно освојување на златниот медал.

Но четворица играчи на Нигерија, исто така, играат во НБА лигата, а синоќа најдобр од нив беше играчот на Мајами Хитс Гејб Винсент со 21 кош, додека кај Американците најефикасен беше Кевин Дјурант со 17 поени.

За „Дрим тимот“, исто така, настапија и ѕвездите Демиен Лилард, Дрејмнонд Грин и Кевин Лав, но не успеаја да пронајдат решение како да ја победат Нигерија, којашто на Олимписките игри во Лондон во 2016 година ја совладаа со 156:73, што е највисоката разлика во историјата на кошраркарските турнири на Олимпијадите.

Причината за ваквиот резултат некои го бараат во фактот што Американците на подготовките се собраа пред само четири дена, додека Нигеријците заедно тренираат од почетокот на летото.

„Пораката е јасна. Од ова искуство потребно е да се учи, но тоа никако не е крај на светот“, рече аериканскиот селектор Грег Попович.