
Шефот на службата за обезбедување на сега убиениот претседател на Хаити, Димитри Ерар, честопати патувал во Колумбија а последниот пат месец иполовина пред нападот, чиишто пензионирани војници се обвинети за организирање и изведување на атентатот врз хаитскиот претседател Жованел Моис.
Ова го објави колумбискиот весник Semana, којшто истакнува дека посетите на Ерар се совпаѓаат со периодот во кој биле договорени последните поединости за злосторството. Според весникот Ерар се упатил на 22-ри мај во Богота. Претходно уште неколкупати летал до Еквадор, секогаш со прелетување во колумбиската престолнина.
Обвинителството во хаитската престолнина Порт-о-Пренс, претходно наложи испрашување на одговорните за безбедноста на убиениот претседател Моисе. Во нападот ноќта кој средата во претседателската резиденција на периферијата на главнот град Моисе бил погоден со 12 куршуми, тешко е ранета неговата сопруга, но ниеден припадник на нивното обезбедување не бил ранет.
Хаитските служби за спроведување на законот досега приведоа 20 лица осомничени за вмешаност во атентатот, од кои 18 се Колумбијци и двајца Американци од хаитско потекло. Уште седум осомничени се убиени во полициските операции, а се трага по уште пет лица. Се претпоставува дека групата платеници која го извела нападот вклучувала најмалку 26 колумбиски државјани, а колумбиското министерство за одбрана потврди дека некои од приведените се идентификувани како поранешни војници.
Ерар треба да биде сослушан на 13-ти или 14-ти јули. Сѐ уште останува нејасно како големата група тешко вооружени лица непречено можела да влезе во претседателската резиденција.
„Меѓу податоците кои треба да ги објасни шефот на обезбедувањето се неговоте чести патувања во Еквадор, секогаш со запирања во Богота“, пишува весникот.
Утврдено било дека Ерар последниот пат патувал со летот на воздухопловната компанија „Avianca“ во главниот град на Колумбија. Потоа тој на неколку дена престојувал во Кито, и повторно се вратил на 29-ти мај, а потоа летал за Доминиканската Република.
„Во моментов е познато дека токму во периодот кога Ерар престојувал на континентот, последните детали (за нападот) биле договорени со пензионираните војници“, забележува весникот во чиј прилог се наведува дека тој наводно бил своевремено под истрага на САД за трговија со оружје.