
Бред Пит и Анџелина Џоли повторно ќе се гледаат на суд. Ако прво, причината беше старателството над децата, сега тоа е – виното.
Имено, Анџелина одлучи да ги прекине сите односи со поранешниот сопруг, па сега го продава и својот удел во винаријата што заедно ја поседуваат. Глумицата веќе побарала судска дозвола да го обезбеди својот дел од продажбата и поднесе тужба во Лос Анџелес за укинување на привремената забрана за пристап до нивниот имот, што автоматски следеше по поднесувањето на разводот во 2016 година.
Анџелина и Бред се разведоа во 2019 година, а одлуката за старателство над нивните шест деца сè уште не е финализирана.