
Во понеделникот доцна вечерта било пријавено дека на автопатот Гостивар- Тетово, на стотина метри по „Пирочки натпатник“, патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Д. на 22 години од село Селце, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата којашто е случила малку пред 23 часот, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 26-годишната Е.Ј. од селото Голема Речица, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка 22-годишната Х.С. од Дреноец-Порој, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.