Две малолетнички со „кавасаки“ се забиле во запрежно возило

Во неделата вечерта во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај селото Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од споменатото село управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од нивниот соселанец 74-годишниот В.И.

Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.