
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи,
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 24 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 33 степени.