
Традиционалниот турнир во мал фудбал „Јосифовско лето 2021“ годинава ќе се одржи по јубилеен 30. пат, а пријавувањето на учесниците е во тек, објавија организаторите.
Традиционалниот турнир започнува на 4 август со вредни парични награди за најуспешните екипи, како и за најдобар стрелец, фудбалер и голман.
Предвидени се натпреварувања и во женска и јуниорска конкуренција.
Валандовско Јосифово годинава за прв пат има шампионски тим во мал фудбал, откако екипата на КМФ Проект беше најуспешна во Првата македонска футсал лига и во август ќе дебитира во елитното клупско натпреварување на УЕФА.