
Новак Ѓоковиќ стигна до уште еден грен-слем трофеј на Вимблдон, победувајќи го вчера Италијанецот Беретини со 3:1 во сетови.
Големиот фаворит го загуби првиот сет, но не погреши против најпријатното изненадување на овој турнир, а по триумфот во финалето ја продолжи сопствената традиција на Вимблдон.
Ѓоковиќ повторно проба од тревата на централниот терен, нешто што беше повод и за интересен твит на официјалниот Твитер профил на Вимблдон.
– Ќе останеме без трева ако продолжи со ова темпо, – се пошегуваа од Вимблдон за „гладниот“ Ѓоковиќ.