Кога Англија губи, расте семејното насилство

Жртвите на семејното насилство се повикани да се јават во хуманитарните здруженија за поддршка по поразот на Англија од Италија во финалето на Европското првенство во неделата навечер.

Здруженијата за семејно насилство Женска помош и Засолниште им се обратија на сите кои претпреле ексалирано насилство во своите домови откако милиони луѓе во Англија и Велика Британиај го проследија поразот на фудбалската селекција на „Гордиот Албион“.

Двете здруженија објавија дека бројот на пријавените случаи на злоставување во семејството расте по фудбалските натпревари, а малата студија на Универзиетот Ланкетсер сугерира дека насилството најмногу се зголемува кога Англија ќе загуби меч.

Извршната директорка на Женска помош, Фара Назир изјавио дека „Фудбалот не предизвикува насилство во семејството – го предизвикуваат насилниците кои одлучиле да применат сила о контрола над своите жртви“.

„Знаеме дека бројот на пријавените случаи на семејно насилство се згомлемува во деновите на фудбалските натпревари. Зголеменото консумирање алкохол и силните емоции поврзани со играта може да предизвикаат зголемува на веќе постоечкото насилство, тежината и зачестеноста“, додала Назир.

Извршната директорка на Засолниште, Рут Дејвисон се согласува дека фудбалските турнири „го влошуваат веќе постојното насилно однесување“ и им порача на жртвите дека „не се сами“.

„Во текот на целото првенство нашата порака до жените и девојките кои се изложени на насилство во семејството беше јасна: ‘Не сте сами, Засолниште е тука за вас’. Без разлика на тоа кој победува а кој губи во фудбалот, семејното злоставувае е системско, намерно однесување и се случува во текот на целата година“, истакна Дејвисон.

Апелите доаѓаат откако беше објавено истражувањето на Центарот за економски изведби при Лондонската школа за економија кое сугерира дека фудбалските натпревари го зголемуваат ризикот од виктимизација поради насилство во семејството.

Открило, исто така, дека насилството во семејството се намалува во текот на двочасовниот период на траењето на натпреварот, злоставвуањето започнува да расте потоа и тој ефект ја достигнува кулминацијата меѓу 10 и 12 часа подоцна.

Студијата на истражувачите од Универзитетот Ланкестер од 2013 година, исто така, откри дека семејното насилство пораснало за 26 отсто коа Англија победи или израмнила, а за 38 кога загубила.