
Времето во Македонија во втроникот ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура е во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени.УВ индексот ќе има висока вредност 9.
Во Скопје и околината денеската ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура е околу 19, а максималната ќе достигне до 37 Целзиусови степени.
До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.