
Корисниците од објектите во и околу Градскиот парк во Општина Карпош денес од 9:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 7:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Саса 18″ и „Саса 22″ во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.