
Два повозрасни мажа биле физички нападнати и ограбени во центарот на Скопје во вторникот вечерта, информираше Министерството за внатрешни работои.
Во првиот случај нападот е пријавен во 19,50 часот од 64-годишниот скопјанец Х.Д. пријавил дека на подрачјето на Центар едно лице физички го нападнало и му одзело пари.
Речиси два часа подоцна, околу 21м30 часот во СВР Скопје, 49-годишниот В.М. од Скопје пријавил дека на подрачје на Центар бил физички нападнат од две лица. Тие му одзеле паричник и мобилни телефони.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од министерството.