
Додека во повеќето држави во регионот е вклучен „портокалов“ метеоаларм како предупредување за нов топлотен бран, делови од Хрватска синоќа беа погодени од силно невреме.
Забележани се грмотевици, промена на времето, дожд и намалување на температурите.
Според најавите на метеоролозите, уште посилно невреме во Хрватска се очекува в петок, кое ќе зафати дел од Јадранот и ќе трае подолго.