
Во вторникот вечерта околу 19.00 часот Полициска станица Ресен било пријавено дека на плажата во Сливница, во водите на Преспанското Езеро бил пронајден удавен 66-годишен скопјанец.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството, соопштија од СВР Битола.