(ВИДЕО) САД конечно победиja, ја декласираа Аргентина

По двата порази од Австралија и Нигерија, репрезентацијата на САД конечно победи на подготовките во Лас Вегас против Аргентина (108-80).

Американците ја прекинаа негативната серија и конечно одиграа доминантно во пресрет на летните Олимписки игри. Кевин Дурант и Бредли Бил со по 17 поени беа прв стрелци кај победничката екипа.

Аргентинската репрезентација беше рамноправна во втората и третата четвртина, но дозволи висока негатива на почетокот и на крајот од мечот. Ветеранот Луис Скола со 16 поени беше прво име кај јужноамериканскиот тим.

САД играше само со осум члена од олимпискиот тим. Џејсон Тејтум беше поштеден поради болка во десното колено. Американците исто така ќе останат без Крис Мидлтон, Џру Холидеј и Девин Букер барем до овој викенд поради финалето во НБА.