
Во катастрофалните поплави кои ја зафатија Белгија изминатите два дена шест лица ги загубиле животите, а во Лиеж градските власти го повикаа населението да го напуштат центарот на градот.
Дождот кој речиси цели два дена паѓа доведе до излевање на реките, особено на реката Меза/Мас.
Во четвртокот спасувачките служби пронашле четири жртви во поплавите и околината на градот Вивиерс на истокот на Белгија, а уште две лица се пронајдени на уште две локации, јавуваат белгиските медиуми.
Најтешко е погоден франкофонскиот регион Валонија, на југот и истокот на Белгија, како и делови од Фландрија.
Во Лиеж, кој лежи на реката Мас, се очекува натамошен раст на водостојот до метар ипол. Поради тоа, градските власти ги повикуваат сите оние кои во моментов се наоѓаат поради работа или други причини да го напуштат градот, а на жителите да се качат на повиските катови.
Полицијата малку по 15 часот во четвртокот ги повика жителите да го напуштат центарот на Лиеж. Според медиумите, толкав водостој на реката Мас не е забележан од 1926 година.
Ситуацијата е критична во цела Валонија, особено во градовите кои лежат на реката Мас и нејзините притоки.