Тетовец изградил објект на државно земјиште од 263 м2

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(49) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

– Од страна на полициски службеници од СВР Тетово извршен е увид на ул.„142“ во Тетово, при што било констатирано дека пријавениот во текот на 2021, во својство на инвеститор, изведувал градежни работи, односно без соодветна дозвола од надлежен орган изградил објект на државно земјиште со површина од 263 м2, на катастарска парцела сопственост на Република Македонија, соопштува МВР.