Талибанците убија новинар добитник на Плуицеровата награда, светот во шок

Фоторепортерот на Ројтерс и добитник на Плицеровата награда, Дански Сидики е убиен за време на конфликтот во авганистанската област Спин Балдак, објави денеска агенцијата.

Индиски фоторепортер беше во Кандахар и известуваше за внатрешната безбедносна криза во Авганистан по повлекувањето на странските трупи во изминатите неколку дена.

– Итно бараме повеќе информации, соработуваме со властите во регионот – рекоа во изјавата претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот уредник Алесандра Галони.

 – Дански беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и многу сакан колега. Во ова страшно време, нашите мисли се со неговото семејство – додаваат тие.

Претходно во петокот, тој за Ројтерс изјави дека е ранет со шрапнел во раката додека известувал за конфликтот меѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските борци. Тој разговараше со локалните трговци кога талибанците повторно нападнаа.

Сидики и неговиот колега Аднан Абиди беа дел од тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицеровата награда за фотографија во 2018 година за известување за бегалската криза во Рохинња.