
На 16.07.2021 во 14.00 часот полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги на пат за с.Орман, скопско, го лишија од слобода К.П.(29) од Скопје. По него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба од Основен суд – Скопје 1 за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик.
К.П. е предаден во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.