
На 16.07.2021 во 22.15 часот било пријавено дека во Градски парк, пред угостителски објект, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу седум малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје.
Со нив, во присуство на нивните родители, бил извршен разговор во полициска станица и сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 ст.3 од ЗППЈРМ.