
Во 03:00 часот утринава во с.Ново Село во Струмица интервенирала Протипожарната со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители. Тие гаснеле запалена пилана со погон за производство на столови.
– Денес (недела) 18.07.2021 година во 03.00 часот во с.Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана со погон за производство на столови. Пожарот е целосно локализиран и ликвидиран околу 06.00 часот. Причинета е голема материјална штета, пишува во Фејсбук статусот на Пожарникари – Струмица.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=4668399926522426&id=2516377175058056